10.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Анчелоти: Не сум му должник на Нејмар, ако заслужи ќе игра на Мундијалот

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека големата ѕвезда Нејмар нема гарантирано место во составот на Селесао за Светското првенство следната година.

Италијанецот изрази сомнежи дали Нејмар ќе биде дел од групата. Поранешната ѕвезда на Барселона сè уште нема добиено повик од Анчелоти откако тој го презеде тимот во мај.

На прес-конференција во Вашингтон, по ждрепката за групната фаза, Анчелоти беше категоричен за критериумите при изборот на играчи.

„Ако Нејмар заслужува да биде во составот, ако е подобар од другите, ќе игра на Светското првенство, и тоа е тоа. Но, јас не должам ништо на никого“, изјави Анчелоти.

Тој додаде дека конечниот список на играчи ќе биде формиран по натпреварите на ФИФА во март, нагласувајќи дека мора да се размислува за тимот како со Нејмар, така и без него.

Сепак, 33-годишниот Нејмар игра клучна улога за својот клуб Сантос во борбата за опстанок во бразилскиот шампионат. Вo средата, Нејмар постигна хет-трик, иако играше со мускулна повреда, и се очекува да биде подготвен за натпреварот против Крузеиро в недела.

„Имаме еден од најдобрите голмани во светот, одлични дефанзивци, врвни средни играчи и напаѓачи. Не сакам играчи кои сакаат да бидат најдобри во светот, сакам играчи кои сакаат да ја освојат светската титула“, коментираше италијанскиот стратег.

Бразил е сместен во Група Ц и ќе се сретне со селекциите на Мароко, Хаити и на Шкотска. Анчелоти ја оцени групата како „тешка“, изразувајќи почит кон противниците.

- Оглас -

Најнови вести