Анчелоти не веруваше дека ова може да го доживее на „Сантијаго Бернабеу“ (Видео)

Реал Мадрид и Селта Виго одиграа 2:2 по регуларните 90 минути во меч од Купот на Шпанија, па патникот во четвртфиналето ќе биде познат или по дополнителните 30 минути продолжување, а можеби и по изведување на пенали.

Кралскиот клуб со головите на Мбапе во 37 минута и на Винисиус јуниор во 48 минута водеше со 2:0, но не успеа да го сочува ова водство. Гостите одиграа одлично во последните 10-тина минути и стигнаа до 2:2.

Најпрво бамба намали на 2:1, а во 90+1 минута Алонсо од пенал погоди за 2:2. Ваквиот расплет беше шок за навивачите на Реал, кои уште пред почетокот на средбата беа лути и непријателски расположени кон тренерот на екипата Карло Анчелоти и дефанзивецот Чуамени.

Кога беше преставувањето на фудбалерите и тренерот, навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ со свирежи ги поздравија Чуамени и Анчелоти, двајцата кои беа „обележани“ како главни виновници за дебаклот и поразот со 5:2 од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести