Анчелоти: „Не заслуживме да победиме!“

Судиите на Реал Мадрид му досудија четири пенали на последните три натпревари, а два од нив беа синоќа на дуелот против Реал Сосиедад во победата од 0-2. Домашните одиграа одличен натпревар, а тоа го призна и Карло Анчелоти после мечот.

„Натпреварот беше многу тежок. Веројатно не заслуживме да победиме, бидејќи Реал Сосиедад одигра одлично. Лошо го отворивме мечот, противникот притискаше на нашата половина, но ние успевавме да најдеме слободен играч. Не сме подготвени 100%, но играчите постојано се подобруваат. Задоволен сум само од резултатот, но не и од играта.“ – рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести