Анчелоти: Нема „летање“ во небо, титули се освојуваат само ако сме фокусирани

Со триумфот над градскиот ривал Атлетико Мадрид од 2:0, Реал стигна до бројката од десет победи едноподруго во сите натпреварувања.

Кралскиот клуб игра фантастично на почетокот на новата сезона и иако без ниту едно позначајно засилување, момците на Карло Анчелоти играат навистина одлично и над сите очекувања.

„Не смееме да ‘летаме’ во небо. За потсетување, во сезоната 2014/15 имавме 22 победи по ред, но во вториот дел од сезоната паднавме со играта.

Затоа мора максимално да сме фокусирани на секој нареден натпревар.

Секако дека сум среќен бидејќи овој тим што го водам е фантастичен и секој си ја знае максимално задачата што ќе му биде зададена, се надевам дека ќе продолжиме во ваква форма“, изјави Анчелоти.

Со вчерашните три, Реал Мадрид стигна до бројката од 42 бода и има осум повеќе од второпласираната Севилја, која има и натпревар помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести