Анчелоти: Немам никаква дилема околу голманите

Реал Мадрид утре гостува кај Вилјареал во меч од претпоследното коло на шпанската лига, следниот викенд игра дома со Бетис, а потоа на 1 јуни следува финалето во Лигата на шампионите.

Тренерот Карло Анчелоти на располагање има тројца одлични голмани, од кои двајца, Тибо Куртоа и Андриј Лунин, сериозно конкурираат за стартерско место на „Вембли“ против Борусија Дортмунд.

Анчелоти неодамна го фалеше Лунин дека без него Реал не би стигнал до финале, навистина Украинецот е во одлична форма сезонава и многумина мислат дека не е фер тој да извиси и да биде резерва на „Вембли“. Но, се шпекулира дека фаворит на Анчелоти е Куртоа, кој е поискусен и по враќањето на голот после тешката повреда, прикажува феноменални партии.

„За мене нема дебата околу голманското место. Лунин имаше фантастична сезона, а Куртоа се врати на она што беше претходно, најдобриот на светот. Утре против Вилјареал ќе брани Лунин“, рече Анчелоти, кој ќе ротира, и веројатно во последното коло против Бетис на гол ќе го стави Куртоа како последна генерална проба.

- Оглас -

Најнови вести