Анчелоти: Нешто ни фали, тоа е очигледно, но ова не е најлошиот мој момент во Реал

На Реал Мадрид му фали солидарност на теренот, не игра како тим и затоа прима многу голови. Ова е заклучокот на тренерот Карло Анчелоти откако Кралскиот клуб прими 7 гола на последните два меча на свој терен.

Многумина му замеруваат што не ги става во игра младите Ѓулер и Ендрик, а недопирливи му се Мбапе и Винисиус, но според италијанскиот стратег, проблемот е на друго место. Синоќа Реал прими три гола, а најдобар поединец беше голманот Лунин, и тоа говори како играат Белите од Мадрид.

„Нешто ни недостасува, тоа е очигледно. Тимот не може да достигне добро ниво и тоа мора да го поправиме. Останаа истите проблеми кои ги имавме со Барселона, ништо не е поправено. Примивме девет гола во последните три натпревари, премногу за овој тим кој ја изгради својата сила на цврстина. Мора да се браниме подобро, ни фали солидарност во одбраната, тоа е клучот. Не сме во својата најдобра верзија и сите сме виновни. Многу е важно сите да преземеме одговорност. Затоа што како и кога победуваме, сите го правиме тоа заедно. Секоја година има тешки моменти, тоа се нормални фази. Тоа е дел од фудбалот. Не е ова најтешкиот мој момент откако се вратив во Реал. Уште можеме да се вратиме на минатогодишната верзија на тимот“, изјави Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести