Реал Мадрид со гол во 90+3 минута стигна до победа над Атлетик Билбао со 1:0 и на тој начин Кралскиот клуб остана во трка за титулата во домашното првенство. Оваа победа на Реал значеше и спас за тренерот Карло Анчелоти, кој се очекуваше да добие отказ, ако неговиот тим вечерва не победи.
„Во првото полувреме одигравме бавно, но во вториот дел бевме многу подобри. Создадовме многу шанси. Бевме добри од сите аспекти на играта. Сакавме добро да реагираме по елиминацијата од Лига на шампиони. Валверде беше клучен играч на овој меч, затоа што тој го постигна победничкиот гол. Тимот го направи тоа што требаше“, вели Анчелоти, кој додаде дека за него најдобра формација со која сака да игра неговиот тим е 4-4-2.
„Мојата перфектна формација е 4-4-2, затоа што така одбранбениот дел е најсигурен. Сакам да играм со четворица играчи во средниот тим, со тоа што Винисиус и Родриго напаѓаа по крилните позиции“, објаснува италијанскиот стратег.
При резултат 0:0, на Реал Мадрид му беше поништен погодокот на Винисиус јуниор поради офсајд, а потоа не беше досуден и пенал за домаќините по стартот над Белингам.
„Судењето? Ова е нова ера во фудбалот. Поништениот гол за Винисиус во овој поглед е неоспорен бидејќи е речиси автоматски ВАР-от, но зошто ВАР не го повика судијата да досуди пенал за Белингем? Ова е модерен фудбал“, е реакцијата на Анчелоти.
Реал Мадрид сега има 69 бодови од 32 меча, четири помалку од лидерот Барселона. До крајот на првенството има уште шест кола.