25.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Анчелоти од автомобилот им ја сопшти фантастичната вест на фановите на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти возејќи со својот автомобил им потврди на навивачите на овој клуб дека Карим Бензема ќе биде спремен за натпреварот со ПСЖ.

Кралскиот клуб во 21 часот гостува во Париз, а напаѓачот изминатиов период имаше проблем со повреда на колкот, но Анчелоти им кажа на навивачите дека тоа е надминато.

Ова секако е одлична вест за фановите на Реал Мадрид бидејќи Бензема во оваа сезона на 28 натпревари има постигнато 24 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести