11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Анчелоти не калкулираше, Реал постави нов рекорд во ЛШ уште пред стартот на финалето (Фото)

Реал Мадрид постави нов рекорд во Лигата на шампионите, по одлуката на тренерот Карло Анчелоти да ги вклучи Карим Бензема, Тони Крос, Лука Модриќ и Давид Алаба во стартниот состав за финалето со Ливерпул од 21 часот во Париз.

Сите четворица имаат по 100, или повеќе настапи во Лигата на шампионите, а Реал е тимот што за првпат во финалните натпревари во луксузното натпреварување има таков квартет на фудбалери.

Реал е рекордер во многу категории во Лигата на шампионите, сега има нов, а најважниот секако се бројот на европски титули.

Кралскиот клуб има 13 пехари во ЛШ, што е убедливо најдобар резултат, а ривалот во финалето, Ливерпул е шесткратен европски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести