Судијата Марио Мелеро Лопез од доцна попладнево е „непријател број 1“ на навивачите на Реал Мадрид поради две спорни ситуации, при досудениот пенал за Жирона и поништениот гол на Реал при 1-1, а критики дојдоа и од тренерот Карло Анчелоти.
Италијанскиот стручњак јавно го коментираше судењето, нешто што не се толерира, и може да добие суспензија со забрана за водење на тимот на следните неколку натпревари.
„Не сакам да зборувам за судењето, но првата ситуација е јасна, немаше пенал, бидејќи топката го удри Асенсио прво во градите, немаше допир на топката со рака, дури и да имаше, раката му е залепена за телото. Судијата го измисли пеналот кој многу не чинеше, имаме два бода помалку поради таа ситуација. За голот на Родриго, и може и не мора да се поништи голот. Ако имало удар врз голманот, оправдано е поништен. Не знам дали не победивме поради судењето, но овие работи влијаеја“ – анализираше Анчелоти.