Анчелоти откри како се врати во Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, призна дека во јуни 2021 година си поднесе оставка во Евертон, само за да седне на клупата на Кралевите.

Тој во јуни 2021 година го наследи Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, откако Французинот во 2015 година пак го наследи Италијанецот на кралската клупа. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, сакаше наследник на Зидан да биде Масимилијано Алегри, но откако Анчелоти одлучи да го напушти Евертон, го избра поискусниот Италијанец.

„Седев на клупата на Евертон кога им се обратив на луѓето во Реал за да се распрашам за еден фудбалер кого планирав да го донесам во Премиер лигата. Низ разговорот сфатив дека тие се во потрага по тренер и им реков дека на Реал му треба најдобриот. Кога ме прашаа на кого мислам, јас им одговорив: Дали ја заборавивте 2014 година“, открива Анчелоти.

Реал Мадрид таа година токму со Анчелоти на клупата триумфира во Лигата на шампионите, во шпанскиот Кралски Куп, во европскиот Суперкуп и на Светското клупско првенство.

„Подоцна зборував со претседателот Флорентино Перес. Не разговаравме за договорот бидејќи му реков дека само сакам да се вратам и за само неколку часа ги договивме сите детали“, додава Анчелоти.

Тој минатата сезона со Реал Мадрид освои пет трофеи и тоа во ЛШ, Ла Лига, шпанскиот Суперкуп, Европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести