Анчелоти откри зошто Реал киксираше и испрати порака за Барселона

Реал Мадрид не успеа да ги освои трите бода во дуелот со градскиот ривал Атлетико и на крајот дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши 1:1. Кралскиот клуб со овој кикс може дополнително да заостане во трката за титулата со вечниот ривал Барселона, но тренерот Карло Анчелоти не се предава.

Италијанскиот стратег на клупата на Реал вели дека бил изненаден од агресивноста на противникот посебно на средината на теренот.

„Уште ништо не е готово. Има уште многу да се игра, но точно е дека сега ситуацијата е покомплицирана. Делувавме многу бавно на теренот. Се обидовме да играме со тројца играчи во средниот ред, мислејќи дека топката ќе биде во нозете на Крос, Себалјос и Валверде, но Атлетико не изненади со силен пресинг. Добро е што на крајот Модриќ изведе добар корнер и дадовме гол. Алваро е момче кое сезонава ќе игра во првиот тим, но и во Б тимот на Реал, а од следната сезона дефинитивно ќе биде првотимец“, рече Анчелоти по дербито со Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести