Реал Мадрид не ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, ќе биде многу тешко да ја одбрани и во шпанската лига, па за Кралскиот клуб оваа сезона е неуспешна, дури и ако го освои Купот.
Има многу шпекулации околу иднината на тренерот Карло Анчелоти, фановите сметаат дека е потребен нов тренер, свежа крв. Чаби Алонсо се смета за фаворит за преземање на кормилото, деновиве почна да се спомнува и Јирген Клоп, а за Анчелоти, кој има договор со Реал до јуни 2026, се зборува дека може да стане селектор на Бразил.
– Дали ова беше вашиот последен натпревар како тренер на Реал Мадрид во Лигата на шампионите?, го прашаа Анчелоти на прес-конференцијата по поразот од Арсенал.
„За оваа сезона, за жал, да. Не знам каква е мојата иднина како тренер на Реал Мадрид и не сакам да размислувам за тоа, има време. Немам проблем и ако клубот реши да ме смени. Кога ќе го завршам престојот, секако ќе му бидам благодарен на овој клуб. Тоа може да се случи утре, за една година или за 10 години, но јас ќе му бидам благодарен на овој клуб. И тоа е тоа, точка“, изјави Анчелоти.