Анчелоти: Петтиот пенал требаше да го шутира Винисиус, подобро што не дојде до тоа!

Реал Мадрид на пенали ја совлада Валенсија и се пласира во финалето на шпанскиот Суперкуп, чија завршница се одржува во Саудиска Арабија, а тренерот Карло Анчелоти не беше задоволен од играта на неговиот тим.

Освен што европскиот и шпански првак не блескаше со играта, си ја прошири листата на повредени со уште тројца фудбалери, но Анчелоти и покрај сите проблеми, најде место и за шега на прес-конференцијата по мечот.

„За пеналите ги одбрав најискусните. Затоа во првите три серии шутираа Бензема, Модриќ и Крос. Потоа и Асенсио одлично го изведе пеналот, а последен требаше да биде Винисиус. Подобро што не му дојде редот да шутира“, изјави Анчелоти со насмевка на лицето.

Немаше потреба Реал да го шутне петтиот пенал бидејќи неговите играчи беа прецизни во првите четири серии, а Валенсија имаше две утки.

- Оглас -

Најнови вести