Анчелоти планира да остане тренер на Реал Мадрид и следната сезона

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, има голема желба да продолжи да го води шпанскиот гигант и следната сезона, пишува “Атлетик“. Иднината на Италијанецот во Мадрид може да биде осигурана со освојување на Ла Лига или Лигата на шампионите.


Информациите наведуваат дека негово отпуштање по таков успех би било „незамисливо“.

Претходно во шпанските медиуми беше објавено дека Чаби Алонсо е најсериозен кандидат за местото на Анчелоти. Во таков случај Италијанецот би останал на „Сантијаго Бернабеу“, но во друга улога, веројатно како директор за фудбалски операции.

Тренерот на Реал Мадрид и неговиот стручен штаб гледаат „филозофски“ на медиумските шпекулации за неговата иднина. Тимот е фокусиран на секојдневната работа.

- Оглас -

Најнови вести