Карло Анчелоти има ефект од една победа и едно реми на првите два меча на клупата на Бразил. Тоа беше доволно да се потврди пласманот на Светското првенство 2026, а Италијанецот го анализираше постигнатото.
„Во фудбалот е многу тешко се да биде во ред, но овие две седмици се ни одеше добро. Во модерниот фудбал се се врти околу интензитетот, како со топка, така и без неа. Пресингот е многу важен, бидејќи така не му дозволувате на противникот да игра. Проблем кај пресингот е тоа што за да се игра, мора многу да се трча и да се жртвувате на теренот. Токму тоа го правеше Бразил на овие два меча.“ – рече Анчелоти.
Италијанецот најави дека сега ќе оди на одмор, бидејќи не памти кога последен пат имал можност да оди на годишен одмор.
„Најпрво ќе земам неколку слободни денови, бидејќи не се сеќавам кога последен пат сум бил на годишен одмор. Потоа ќе го гледам клупското Светско првенство, а по него ќе морам да анализирам околу 70 бразилски фудбалери кои играат ширум светот, бидејќи сите тие може да бидат дел од Мундијалот следната година.“ – дополни Анчелоти.