Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, најави дека тренерската кариера ќе ја заврши на клупата на Кралскиот клуб.
„Мојата кариера ќе заврши во Реал Мадрид, но пред да се случи тоа, сакам да освојам еден трофеј во Лигата на шампионите. Јас сум „мадридист“, се идентификувам со клубот и навистина сакам да ги израдувам сите навивачи и членови на Реал Мадрид“, изјави Анчелоти во интервју за весникот „Ла Република“.
Карло Анчелоти тренерската кариера ја започна во 1992 година со Реџана. Брзо се пресели во тогаш амбициозната Парма и оттогаш, па досега водеше фудбалски гиганти и стана еден од најдобрите тренери во историјата.