Анчелоти покажа дека е голем џентлмен: Честитки за Емери и Вилјареал за успехот бидејќи го заслужија

Реал Мадрид и покрај поразот од 3:2 од Челзи, успеа да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите во еден спектакуларен натпревар.

И покрај тоа што беа на работ од елиминација, тренерот на овој тим, Карло Анчелоти, погоди со измените на Родриго и Камавинга, коишто беа едни од најзаслужните за пресвртот.

„Замените навистина ни донесоа голема енергија. Камавинга може да го стартува секој натпревар, но погледнете кога влегува тој, како едноставно живнува средината.

„Сакам да им честитам на Унаи Емери и Вилјареал за успехот и пласманот во полуфиналето бидејќи тоа го заслужија.

Во моментов Шпанија има два претставника, а утре таа бројка може да изнесува три“, изјави Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести