Анчелоти покажа каков господин е, па дури и да се работи за Барселона

Реал Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува Вилјареал во меч од седмото коло во Примера. Кралскиот клуб одлично ја почна сезоната и е лидер со 16 бода од можните 18.

За разлика од Реал, нивниот најголем ривал, Барселона е далеку од посакуваната форма. Каталонскиот гигант веќе заостанува седум бода зад лидерот, но има и меч плус за играње. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти откри дека никогаш не се радувал кога на некој од ривалите не му оди.

„Не се радувам на лошите резултати на ниту еден клуб. Фокусиран сум само на работата во мојот тим, а никогаш не сум се радувал ако на некоја друга екипа не ѝ оди како што посакува, па макар тоа да биде и Барселона. Сега сум фокусиран на нашиот меч против Вилјареал“, рече Анчелоти.

Кралевите имаат одличен напад и во просек даваат повеќе од три гола на меч, но факт е и дека на пет дуели не успеаа да ја сочуваат и својата мрежа. Реал е фаворит за победа против Вилјареал, но традицијата вели дека тоа може да не биде воопшто лесно.

На девет од последните 10 меѓусебни средби на овие два тима, двата тима постигнувале барем по еден погодок, што значи дека се очекува да биде ГГ.

Реал Мадрид – Вилјареал 2:1

Вилјареал – Реал Мадрид 1:1

Реал Мадрид – Вилјареал 2:1

Вилјареал – Реал Мадрид 2:2

Реал Мадрид – Вилјареал 3:2

Вилјареал – Реал Мадрид 2:2

Вилјареал – Реал Мадрид 2:2

Реал Мадрид – Вилјареал 0:1

Вилјареал – Реал Мадрид 2:3

Реал Мадрид – Вилјареал 2:1

 

- Оглас -

Најнови вести