Анчелоти: Покажавме дека не ги загубивме главите по поразот од Барселона

Реал Мадрид оствари уште една победа во Ла Лига ѝ е чекор поблиску до титулата откако вчеравачер го совладаа Гетафе со 2:0.

Кралскиот клуб сега има 72 бода, односно 12 повеќе од Севилја и имаат по 31 одигран меч, додека Барселона е под број три со 57 бода но и две средби помалку.

„Ја контролиравме играта добро, уште од самиот почеток. Не ја изгубивме главата по шокот од Барселона, напротив покажавме дека сме голем тим“ изјави Анчелоти.

Пред Реал сега е реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, против Челзи каде што кралевите по првата средба имаат предност од 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести