Анчелоти: Поставивме светски рекорд затоа што игравме без стопери

Реал Мадрид убедливо со 4:0 ја победи Жирона во меч на првопласираните два тима во шпанското првенство. Пред овој меч, тренерот на Реал, Карло Анчелоти имаше многу проблеми околу составот, но и покрај тоа, Кралскиот клуб одигра маестрално и на крајот убедливо победи.

„Одличен меч во секој поглед. Имавме многу проблеми, но и покрај тоа изгледавме сјајно на теренот. Конечниот резултат е микс на посветеност и квалитет. Јас правам се што можам да го извлечам најдоброто од оваа група висококвалитетни фудбалери. Тие се клучот. На овој меч срушивме светски рекорд, игравме без стопери“, задоволно констатираше Анчелоти по победата.

На овој меч кај Реал се повреди и Џуд Белингам, но уште не се знае колку е сериозно и дали ќе биде подготвен за следниот дуел на Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести