Анчелоти потврди: Да, утре ќе славам со пура и очила за сонце!

Реал Мадрид утре ќе го прими шампионскиот пехар за освоената 36-та титула во шпанската лига, а потоа ќе се одржи прослава на плоштадот Сибелес, каде Кралскиот клуб традиционално ги слави титулите со своите бројни фанови.

Денеска после победата на Реал над Гранада, тренерот Карло Анчелоти, на прес-конференцијата доби прашање дали утре повторно ќе прославува со пура во устата како преклани кога беше направена хит-фотографијата на која Анчелоти позира мангупски со очила за сонца и пура.

„Да, истото ќе го направам. Ќе има и пура и темни очила“, потврди Анчелоти со насмевка на лицето.

- Оглас -

Најнови вести