30.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Анчелоти потврди дека Реал нема да купува играчи во зимскиот преоден рок

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека Кралевите нема да купуваат фудбалери во зимскиот преоден рок.

Единствен трансфер кој Реал Мадрид го договори е тој на бразилската тинејџерска сензација, Ендрик од Палмеираш, кој на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне кога ќе наполни 18 години.

„Преодниот рок за нас е завршен. Никој нема да си оди од клубот, но никој нема ниту да доаѓа. Во јануари ништо нема да се случи, ќе бидеме тивки“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид вчера одигра без голови пред своите гледачи против Реал Сосиедад и сега заостанува пет бода зад Барселона, која е лидер на табелата во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести