Реал Мадрид вчеравачер одигра 0:0 во последниот меч од Ла лига за оваа сезона. Кралскиот клуб од пред неколку недели и официјално ја потврди титулата, па така овој меч немаше никакво резултатско значење.
Особено поради тоа што веќе мислите целосно се насочени кон финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул.
Иско на лето ќе си замине од тимот како слободен агент, а тоа го потврди и предводникот на Реал, Карло Анчелоти.
„Договорот со Иско нема да биде продолжен. Мислам дека можеше да биде неколку пати подобар од тоа што на крајот беше, но и вака е дел од историјата на Реал Мадрид“ изјави Анчелоти.
30-годишниот шпански репрезентативец за Реал одигра 246 натпревари и постигна 37 погодоци.