Големата надеж на Реал Мадрид, но и воопшто на европскиот и светски фудбал, Арда Ѓулер, е повторно повреден. Тој повредата на мускулот ја добил на загревањето на мечот од Лигата на шампионите против Брага, а тоа го потврди и тренерот на “кралскиот“ клуб, Карло Анчелоти.
– “За жал, се повреди пред натпреварот со Брага. Се чинеше дека не е сериозно, но и понатаму му прави проблеми. Тажен е затоа што е толку млад, сака да игра и да допринесе за екипата. Минатата година имаше проблеми со менискусот, поради што беше и на операција. Во текот за рехабилитацијата можни се проблеми со мускулите.“ – рече италијанскиот тренер во пресрет на мечот со Валенсија.
Според леарите, Ѓулер ќе паузира околу еден месец и ова за него е втора повреда откако дојде во Реал Мадрид, откако претходно се повреди и на турнејата во САД и мораше да паузира три месеци.