Анчелоти потврди: Разговарав со Каземиро, сака нов предизвик, нема враќање назад

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, потврди дека Бразилецот Каземиро сака да се пресели во Манчестер јунајтед, од каде што доби фантастична понуда. Пред денешниот тренинг, кој веројатно беше и последен за Каземиро како играч на Реал, Анчелоти разговарал со него и јасно е дека дојде време за разделба.

„Тој сака нов предизвик, нови можности. Јас и клубот целосно го разбираме. Треба да го почитуваме тоа што тој го направи за клубот. Сака да си оди, нема враќање назад, не се обидував да го премислам. Ако тој си оди, имаме шестмина играчи за врска, доволно е, нема да купуваме нов“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата пред утрешното гостување кај Селта Виго.

Освен што ќе го нема Каземиро, кај Реал средбата со Селта ќе ја пропуштат и Тони Крос, кој има грип, и повредениот Родриго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести