Анчелоти потврди: Реал Мадрид добива големо засилување од 20 јануари

Реал Мадрид најави дека воопшто не планира да доведе нови фудбалери во зимскиот преоден рок и со играчите кои ги има во активниот ростер ќе атакува на одбрана на титулите во Примера дивисион и во Лигата на шампионите.

Иако нема да биде активен на трансфер-пазарот, Реал Мадрид овој месец ќе добие одлично засилување затоа што по долга пауза во составот ќе се врати Давид Алаба.

„Нема ништо да менуваме во однос на 2024 година. Нашата цел е да победуваме. По лошиот период што го имавме во ноември, одлично реагиравме и сега изгледаме многу подобро. Мотивацијата е на највисоко ниво. Дури и дел од повредените играчи се враќаат во составот. Далаба повторно тренира со тимот. Тоа е одлична вест затоа што добиваме поголема ротација во одбраната, каде што имавме проблеми во последно време. Се надевам дека од 20 јануари ќе биде на теренот. Тој ќе ни биде од голема помош“, рече Анчелоти.

Алаба нема играно од 17 декември 2023 година откако заработи тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото на дуелот против Вилјареал (4:1).

Реал Мадрид се очекува да ја засили одбраната и до доведување на англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд, но тој би му се приклучил на тимот од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од оваа сезона, кога истекува неговиот договор со Ливерпул. Тоа значи дека Реал нема да плати ниту едно евро за трансфер на овој квалитетен играч.

- Оглас -

Најнови вести