Анчелоти повторно се огласи и стави крај на шпекулациите за неговата иднина

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по втор пат во последните 20-тина дена, се огласи во јавноста поради зачестените шпекулации за неговата иднина.

Изминатиот период, неговото име постојано се поврзува со селекторското столче во бразилската репрезентација, но Италијанецот изјави дека и следната сезона ќе ги предводи Кралевите со кои има договор до 2024 година и планира да го испочитува.

„Во клубот е мирно и сигурен сум дека и идната сезона ќе бидам тука и дека ќе го испочитуваме договорот до крај. Претседателот беше отворен и искрен кон мене и се согласивме дека и идната сезона ќе ја водам екипата“, изјави Анчелоти.

Реал повеќе од сигурно е дека ќе ја загуби титулата во Ла Лига и тоа од Барселона која на десет кола до крајот на сезоната има 13 бода предност на лидерската позиција на табелата.

Но, затоа Кралевите ќе играат во финалето на шпанскиот Кралски куп против Осасуна, а се на добар пат да обезбедат пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите бидејќи во првиот четвртфинален меч против Челси славеше со 2:0.

- Оглас -

Најнови вести