Анчелоти пред година и пол кажа: За 500 милиони би одел пешки до Саудиска Арабија

Во декември 2023 година тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на прес-конференција кажа дека ако добие понуда од 500 милиони евра, пешки би одел до Саудиска Арабија, а денеска многумина се потсетија на таа изјава која е хит бидејќи Анчелоти е блиску до премин во клуб од Саудиска Арабија.

„Пешки би одел до Саудиска Арабија. Не ми треба авионски лет, ќе одам пешки. Се шегувам, секој си го бира патот по којшто ќе оди“, рече тогаш Анчелоти.

Иако се чинеше дека е готова работата околу неговото преземање на бразилската репрезентација, договорот пропадна и Италијанецот нема да биде селектор на Кариоките. Веднаш реагираа Саудијците и му дадоа понуда која тешко се одбива. Не се 500, но и 50 милиони се огромна сума пари.

- Оглас -

Најнови вести