Анчелоти пред сензационален камбек во Реал?

Потрагата по адекватна замена за Зинедин Зидан продолжува во таборот на Реал Мадрид, а нов кандидат кој е добро познат на мадридистите се најде на листата потенцијални наследници на францускиот стратег.

Карло Анчелоти е опција за претседателот Перес, човекот кој ги водеше Кралевите до 10-тата титула во Лигата на шампионите пред седум години. Не успеаја со Алегри, втор кандидат од Италија е Конте, кој има шампионско реноме, но се чини дека начинот на кој ја негува својата тактика не е материјал за Реал, па затоа управата се сврти кон својот поранешен тренер.

Анчелоти моментално работи во Евертон без посебен успех иако клубот во изминатите две сезони потроши многу за да се наметне на „големата шестка“ во Премиер лигата, па доколку добие понуда да се врати во Мадрид, тешко дека ќе ја одбие.

Анчелоти од 2013 до 2015 година освои четири трофеи на „Сантијаго Бернабеу“, веќе споменатата титула во ЛШ, како и Светското клупско првенство, шпанскиот Куп и Суперкупот.

- Оглас -

Најнови вести