Анчелоти пред враќањето на „Стемфорд бриџ“: Имам убави спомени

Челзи во недела ќе го пречека тимот на Евертон во рамки 29-тото коло во Премиер лигата, а мечот ќе се проследи со посебно внимание поради враќањето на Карло Анчелоти на „Стемфорд бриџ“. Трофејниот италијански стратег ги предводеше Сините од 2009 до 2011 година, а уште во првата негова сезона ги донесе шампионската титула и трофејот од ФА купот во витритните на лондонскиот клуб.

Иако неговата авантура во западен Лондон заврши со отказ, Анчелоти вели дека има само убави спомени од времето поминато во Челзи.

„Имам прекрасни спомени од тој период. Тие две сезони беа неверојатни и навистина сум возбуден што ќе се вратам таму“, истакна Анчелоти, а потоа и прокоментира за неговиот помлад колега Френк Лампард, со кој имаше одлична соработка: „Од секогаш сметав дека ги има потребните квалитети да биде менаџер. Одлично си ја заврши работата во Дерби, а и оваа сезона е добар“, додаде Карло.

Во пресрет на мечот, Челзи стои на четвртото место на табелата со 45 бода, додека Евертон е на 11-тото место со 37 бода.

- Оглас -

Најнови вести