Реал Мадрид со 2:1 го победи Вилјареал во меч од 28 коло на шпанското првенство и со овие три бода Кралскиот клуб е нов лидер на табелата. По мечот, тренерот на Реал, Карло Анчелоти беше револтиран затоа што неговиот тим немаше доволно време да се одмори.
Само 66 часа беа поминати откако Реал го победи Атлетико во Лига на шампиони до почетокот на дуелот на стадионот „Ла Керамика“ во Вилјареал. Италијанскиот стратег најави дека следниот пат ако Реал се најде во слична ситуација, нема да го игра тој натпревар.
„Реал Мадрид никогаш повеќе нема да игра натпревар без 72 часа одмор. Ако ова се повтори, ние нема да се појавиме на теренот. Нема да дозволиме злоупотреба на Ла Лига од страна на Тебас. Овој наш тим има нешто посебно, карактер и посветеност. Тие не можат секогаш да го направат тоа и јас им се лутам. Мораме да им се заблагодариме на овие играчи кои направија огромен напор од трети јануари до денес, особено мислам дека ова е последен пат да играме натпревар со помалку од 72 часа одмор. Двапати побаравме од лигата да го менува времето на натпреварот и ништо не се случи, но ова е последен пат“, изјави Анчелоти кој се најави дека кога следен пат ќе биде во ваква ситуација ќе побараат правна заштита од ФИФА.