Анчелоти претставен во Евертон: Мојзе Кен е добар, сакав да го земам во Наполи

Тренерот Карло Анчелоти на официјалното претставување како менаџер на Евертон, изјави дека местото на Карамелите им е на позициите на табелата кои водат во Европа, а една од првите задачи ќе му биде да му помогне на Мојзе Кен да се прилагоди на Премиер лигата и талентот конечно да почне да дава голови.

Анчелоти позираше на „Гудисон парк” со дрес и шал на клубот.

„Кен играше многу добро во минатата сезона. Се обидов да го привлечам да потпише за Наполи. Добар играч е, има фантастичен талент, има само 19 години и му треба период на адаптација. Ќе работиме да напредува“, рече Анчелоти.

„Во Евертон дојдов поради амбициите, историјата и традицијата на клубот. Сакам клубот да биде подобар и да се бори за трофеи. Прва цел е да играме подобро, знам дека овој состав може повеќе“, рече Дон Карло.

- Оглас -

Најнови вести