Анчелоти: Ретко се лутам, но кога ќе се налутам, полудувам

Карло Анчелоти одржа конференција во Meксико и ги објасни клучевите во тренерската кариера. Италијанскиот тренер зборуваше за својот начин на разбирање на лидерството и како тоа секојдневно да го применува.

„Не секогаш размислував да бидам тренер. Еден ден во Милан, Ариго Саки ми рече „денот кога ќе престанеш да играш би сакал да ми бидеш помошник“. Тој беше фудбалски гениј. Тој беше одличен учител, како што беше и Ериксон. Да се биде тренер е работа со многу моќ и одговорност. Понекогаш ги прашувам играчите „кои сте вие“ и тие ми велат „Јас сум играч“, а јас им велам „не, вие сте личност која игра фудбал“, открива Италијанецот.

Анчелоти е рекордер по бројот на титули во Лигата на шампионите, и единствен тренер со титули во сите пет најсилни лиги во Европа.

„Мора да бидете искрени со луѓето. Јас го формирав мојот карактер опкружувајќи се со мирни луѓе. Поразот е момент на тага, но момент на можност да се обидете да ги подобрите работите. Мора да станете, како во животот. Од друга страна победата не е вистинска среќа. Јас на тоа гледам како олеснување бидејќи три дена подоцна имаш уште еден испит. Секогаш треба да бидеш позитивен на клупата бидејќи треба да разговараш со играчите. Не е точно дека секогаш сум мирен. Ретко се лутам, но кога ќе се налутам полудувам“, вели Анчелоти кој додава дека стрес има три-четири часа пред меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести