Анчелоти сака Модриќ да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и следната сезона, но не како играч

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не сака да остане без услугите на Лука Модриќ и пред два месеца му понудил да остане дел од Кралевите и следната сезона, но не како играч, пишува „Атлетик“.

Според реномираниот медиум, Анчелоти сака Модриќ да биде дел од стручниот штаб идната сезона. Ова значи дека Хрватот по завршување на сезоната, кога ќе му истече договорот со Реал, да се пензионира.

Модриќ ја одбил првата понуда на Анчелоти, но таа ќе важи и налето.

„Атлетик“ пишува дека Модриќ не рекол категорично „не“ за тренерската работа во Реал Мадрид, туку дека сè уште размислува дали да продолжи да игра или да се пензионира. Конечната одлука за неговата кариера ќе ја донесе на крајот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести