Анчелоти: „Само небото е граница за Ендрик“

Бразилскиот интернационалец, Ендрик, е херојот на Реал Мадрид и стрелец на единствениот гол на гостувањето кај Реал Сосиедад во полуфиналето на шпанскиот Куп. Кралевите сега имаат отворен пат во големото финале, па ќе треба само рутински да го одработат реваншот.

„Тој е навистина импресивен. Има неверојатни карактеристики и ги покажува секогаш кога ќе добие шанса. Неговата прецизност кога шутира е надвор од секоја ранг-листа. Брз е, но сè уште има простор да се подобри со топка. Неговиот дриблинг… Можеше да постигне и втор гол, но среќата не беше на негова страна и топката удри во стативата. Ендрик е многу млад, но импресиониран сум колку брзо учи. Не знам до каде може да оди. Никој не знае. Засега ќе ви кажам дека само небото му е граница“, воодушевено зборуваше Анчелоти за Ендрик.

- Оглас -

Најнови вести