10.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Анчелоти: Се губи интересот за Лигата на шампионите

Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, но сега работи на друга страна од светот, како селектор на репрезентацијата на Бразил.

Во разговор за италијанските медиуми, тој беше мошне критичен кон челниците на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, сметајќи дека проширувањето на Лигата влијаело на намалување на квалитетот на самиот турнир.

„Гледано од другата страна на светот, Лигата на шампионите секогаш има исти фаворити, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер сити и Баерн Минхен. Во овие неколку први кола видовме натпревари со големи разлики во резултатите. Тоа нѐ натера да го загубиме интересот“, изјави Дон Карло.

Тој тоа не го рече директно, но се чини дека смета дека европскиот фудбал се движи кон профит, наместо кон квалитет.

„Оваа прва фаза беше проширена за да гледаме поинтересен фудбал, но не е баш така. Се покажа дека е сосема поинаку. Мораме тоа да го прифатиме затоа што едноставно и не е наша одлука“, додаде Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести