Анчелоти се налути: „Уморен сум веќе од овие приказни за Винисиус“

Реал Мадрид во сабота гостува кај Осасуна во меч од Ла Лига, а главна тема на официјалната прес-конференција пред мечот повторно беше Винисиус. Шпанските медиуми во текот на денешниот ден објавија дека Флорентино Перес веќе одлучил да го продаде Бразилецот за 300 милиони евра на Ал-Хилал, но Анчелоти ги демантира овие пишувања.

„Уморен сум, навистина. Но, не се грижам, бидејќи гледам дека Винисиус е среќен. И ние сме среќни со него. Ова е тема за која се разговара надвор, а не внатре во клубот. По повредата почна да влегува во добра физичка форма и е многу мотивиран. Јас гледам среќен играч кој сака да испише историја со овој клуб.“ – одговори Карло Анчелоти на новинарско прашање.

- Оглас -

Најнови вести