Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, може да стане првиот стручњак во историјата на Лигата на шампионите кој четири пати го освојувал ова натпреварување.
Искусниот Италијанец во 2014 година со Реал го освои ушлестиот трофеј, а сега има шанса да го повтори успехот и да влезе во историјата. Но, Кралскиот клуб барем на хартија е аутсајдер против Манчестер сити, со кого вечерва го игра првиот полуфинален двобој.
„Во полуфиналето има два тима кои никој не ги спомнуваше на почетокот на сезонава меѓу кандидатите за полуфинале, а тоа сме ние и Вилјареал. Имавме тешки противници, но еве сме во полуфинале. Реал секогаш има натпреварувачки дух, така ќе биде и вечерва“, изјави Анчелоти, кој веројатно нема да смета на Касемиро, па во средниот ред покрај Модриќ и Крос, ќе биде Валверде, можеби и Камавинга, ако Анчелоти реши да жртвува еден од напаѓачите кои треба да му бидат поддршка на шпицот Бензема.