15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Анчелоти се согласи да му биде градски ривал на Клоп

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти ќе биде нов тренер на премиерлигашот Евертон. Преговорите на Анчелоти со клубот од Ливерпул се во завршна фаза, двете страни си подале рака и останува само да се комплетираат сите формалности за договорот да стане и официјален.

Анчелоти пред неполна недела доби отказ во Наполи, но експресно си најде работа и ќе биде наследникот на Марко Силва. Популарниот Дон Карло по осум години се враќа во Премиер лигата, откако од 2009 до 2011 го водеше Челзи. Дебито на клупата на Карамелите од „Гудисон парк“ треба да го има на дуелот од Карабао купот против Лестер, закажан за в среда.

Анчелоти, кој има 60 години, во тренерската кариера седел на клупите на многу големи клубови како: Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн и последен во низата му беше Наполи.

- Оглас -

Најнови вести