12.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Анчелоти се залага за намалување на лигите на максимум 18 тима

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, смета дека лигите треба да го намалат бројот на учесници на 18 екипи.

Во моментов трите најсилни лиги во Европа, англиската, шпанската и италијанската имаат по 20 тима.

„Фудбалот стана поинтензивен и подинамичен, се користи многу аналитика, но ФИФА и УЕФА треба да го разгледаат распоредот. Има премногу натпревари, не сите со добар квалитет, а има и премногу повреди. Лигите треба да го намалат бројот на екипи учеснички од 20 на 18“, рече италијанскиот стручњак, кој е единствен со титули во сите топ 5 лиги.

Анчелоти верува дека намалување на бројот на тимови ќе помогне да се избегнат натпревари со слаб квалитет и ќе ги направи трошоците поразумни. Тој исто така верува дека тренерите и играчите треба да имаат повеќе можности да учествуваат во ваквите одлуки.

- Оглас -

Најнови вести