Анчелоти се збогува со Реал: „Ќе го паметам секој ден кој го поминав во Мадрид“

Карло Анчелоти на мечот против Реал Сосиедад за последен пат го водеше Реал Мадрид, а од утре веќе седнува на селекторската позиција во репрезентацијата на Бразил.

Италијанскиот стратег имаше емотивен говор на „Сантијаго Бернабе“ во кој порача дека ќе го памети секој ден поминат во Мадрид.

„Не е лесно да се зборува денес. Ми беше чест, ми беше задоволство да бидам тренер на овој клуб. Најпрво сакам да му се заблагодарам на мојот драг претседател Флорентино. Беше фантастично, благодарам за сите овие моменти. Беше извонредно да се доживее ова. Ова беше незаборавна приказна, бидејќи никој не може да ги заборави трите гола на Карим против ПСЖ, никој не може да ги заборави двата гола на Родриго против Манчестер сити или додавањето на Лука, ниту двата гола на Хоселу против Баерн Минхен. И не можам да го заборавам секој ден што го поминав тука. Завршувам со Хала Мадрид и ништо друго. Ве сакам многу.“ – рече Анчелоти.

За Карло Анчелоти ова беше втор мандат на клупата на Реал Мадрид, а од клубот си заминува како најтрофеен тренер во историјата на „кралевите“.

- Оглас -

Најнови вести