Реал Мадрид имаше девет победи во низа во новата сезона, а перфектноста беше прекината синоќа по дуелот со Осасуна. На „Сантијаго Бернабеу“ Реал одигра само 1:1 разочарувајќи ги своите навивачи, а тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти, не беше многу возбуден околу ремито.
„Секогаш кога Реал Мадрид нема да победи, е драма. Немаме оправдување за киксот затоа што имавме силен тим, иако имавме и некои фудбалери кои ни недостасуваа. Досега во првенството игравме добро, но вакви мечеви се случуваат. Не се сомневам дека ќе се коригираме во следното коло“, рече Анчелоти.
Реал имаше шанса за победа, но Бензема промаши пенал во финишот на дуелот.
„Размислував и за тоа да го сменам изведувачот на пеналот, но реално Бензема е најдобриот што го имаме. Минатата сезона тој ги шутираше двата најважни пенали и ги погоди. Поради тоа решив да го оставам тој да шутира и против Осасуна“, објасни Анчелоти.