Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше среќен што неговиот тим победи против Манчестер сити и си го отвори патот до осминафиналето во Лигата на шампионите, но имаше и критики за многуте пропуштени прилика на офанзивците Мбапе, Винисиус, Родриго и Белингам, иако двајца од нив постигнаа гол.
„Беше комплетен натпревар од сите аспекти, добро се браневме, сите работевме напорно, имавме многу можности, не се откажавме. Победата е сосема заслужена. Бевме многу опасни напред, иако четворицата можеа да бидат малку попрецизни во завршницата. Но, тие создадоа шанси со нивната мобилност и квалитет. Не можам да им замерувам. Сити ни направи многу проблеми, но задоволен сум на крај. Сезоната за нас почнува сега“, изјави Анчелоти.