Анчелоти: Што сакаат нека зборуваат, судијата донесе три правилни одлуки

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, смета дека судијата имал право при носењето на сите спорни одлуки во кои гледаше снимка и го спасуваше Реал од уште поголеми маки на дуелот со Алмерија попладнево.

Благодарение на ВАР, Реал доби пенал, му беше признат поништен гол, а на Алмерија ѝ беше поништен погодок.

„Ги видов сите три ситуации и мислам дека кај сите три судијата имаше чиста ситуација и донесе правилни одлуки. Нека зборуваат дека судиите му донеле победа на Реал, не ми е гајле“, рече Анчелоти.

Инаку, Реал одигра катастрофално во прво полувреме, немаше ниеден шут кон голот, прими два гола од тим кој нема ниедна победа, и Анчелоти призна дека грешката била негова.

„Лошо ја проценив состојбата кај некои играчи, лут сум на себеси. Згрешив што во почетниот тим ставив заморени играчи кои немаа енергија“, додаде Анчелоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести