Анчелоти со 0:0 дебитираше како селектор на Бразил, но веднаш ја најде причината за лошата игра (Видео)

Карло Анчелоти го започна новиот предизвик, а тоа е да биде селектор на Бразил. Во првиот меч како ппредводник на петкратниот светски првак, италијанскиот стратег го предводеше тимот до реми од 0:0 на гости кај Еквадор, во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Во текот на целиот меч, двете екипи повеќе беа фокусирани да го сочуваат својот гол, отколку да нападнат, па така Бразил имаше само три шута кон голот на Еквадор, од кои два беа во рамките на голот, но ниеден шут не заврши во мрежата.

По мечот, Анчелоти, вината за лошата игра ја најде во лошиот терен.

„Не сакам да барам изговори, но теренот не беше во добра состојба. Не беше лесно да се игра на таков терен“, рече Анчелоти.

По ова реми, Еквадор го задржи второто место во квалификациите со 24 бодови, веднаш зад Аргентина која веќе има обезбедено пласман на СП 2026. Бразил е четврти со 22 бодови, но и Кариоките се речиси безбедни дека ќе играат на Мундијалот.

Во останатите два меча кои се одиграа ноќеска, Аргентина со 1:0 победи на гости кај Чиле и тоа благодарение на голот  на Алварез во 16 минута, додека Парагвај пред своите навивачи со 2:0 славеше против Уругвај. Интересно е дека Лионел Меси беше резерва кај Аргентина и во игра влезе дури во 57 минута.

- Оглас -

Најнови вести