Реал Мадрид синоќа се израдува на највисоката победа против Барселона на „Камп ноу“ во последните 60 години откако Кралскиот клуб победи убедливо со 4:0. Со овој триумф, Реал не само што ја анулира негативата од 0:1 по првиот меч во Мадрид, туку и на убедлив начин се пласира во финалето на Купот на Шпанија, каде што ќе игра против Осасуна.
По завршување на дербито, големо беше славењето во соблекувалната на Реал, а посебна радост за фудбалерите беше моментот кога тренерот Карло Анчелоти им соопшти дека четврток ќе им биде слободен ден.
„Утре е слободен ден“, викна Анчелоти, а фудбалерите скокнаа од радост.
https://twitter.com/i/status/1643761569023643650
Италијанскиот стратег беше пресреќен поради убедливата победа и потенцира дека неговите фудбалери одиграле совршен меч.
„Одигравме совршен меч, инаку немаше да победиме со овој резултат“, коментираше искусниот стратег на Реал Мадрид.