Анчелоти со порака до фудбалерите: „Ако добро се браниме, ќе ја победиме Барселона“

Откако петокот мина драматично со најавите дека постои шанса Реал Мадрид да го бојкотира финалето на шпанскиот Куп против Барселона, денес веќе се е насочено кон мечот.

Реал и Барселона оваа сезона веќе одиграа два натпревари, по еден во првенството и во финалето на шпанскиот Супер куп, а „каталонците“ победуваа со 4-0, односно 5-2. Токму затоа шпанските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти побарал од фудбалерите да се насочат на одбраната ако сакаат да го победат вечниот ривал.

„Сигурен сум дека ќе им дадеме два гола, но треба да се браниме толку јако за да примиме само еден или можеби ниту еден гол. Ако тоа го направиме, сигурно ќе победиме, а знаеме дека тоа го можеме.“ – наводно биле зборовите на Карло Анчелоти упати кон фудбалерите на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести