Карло Анчелоти го одведе Наполи меѓу најдобрите 16 екипи во Европа, а потоа италијанскиот стратег си замина од калчолигашот. По победата на Наполи од 4:0 против Генк, челниците на Наполи соопштија дека Анчелоти повеќе не е тренер на калчолигашот.
Се работи на раскин на договорот поради слабите резултати во последниот период. До пред триумфот над Генк, Наполи имаше низа од девет меча без победа па тимот речиси е без шанси во трката за титулата во Серија А.
SSC Napoli has taken the decision to part ways with first-team coach Carlo Ancelotti.
The friendship and mutual respect between the club, President Aurelio De Laurentiis and Carlo Ancelotti remain intact.— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) December 10, 2019
Се очекува на местото на Анчелоти, за прв тренер да биде наименуван Џенаро Гатузо, што ќе биде и нов предизвик за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас да се докаже дека заслужува место во првиот тим на Наполи.