Европскиот првак Реал Мадрид вечерва (21 часот) во Варшава ќе се обиде да освои уште еден важен трофеј во богатата колекција. Во дуелот за Суперкупот на Европа, Кралевите ќе се сретнат со Аталанта, победникот во Лигата на Европа.
Новата голема ѕвезда на Реал, Килијан Мбапе, е во стартниот тим иако само пред осум дена се приклучи на подготовките. Тој ќе го сочинува убиственото трио заедно со Винисиус јуниор и со Родриго.
Во средниот ред се Чуамени, Белингам и Валверде, а одбраната е стандардна, Милитао и Рудигер на централните позиции, Карвахал на десната страна, а Менди на левата. На голот е Тибо Куртоа.
Џанпјеро Гасперини, тренерот на Аталанта, исто така веднаш му даде шанса во нападот на Ретеги, новото засилување кое дојде како замена за повредениот Скамака. Тој го определи стартниот тим на Аталанта: Мусо, Џимшити, Хиен, Колашинац, Запакоста, Едерсон, Де Рон, Руџери, Де Кетеларе, Ретеги, Лукман.